Гутереш: Светот не може да си дозволи воена конфронтација меѓу Индија и Пакистан

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на максимална воена воздржаност и од Индија и од Пакистан и нагласи дека „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји.

Loading...

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји, објави „Гардијан“.

– Генералниот секретар е многу загрижен за воените операции на Индија преку линијата на контрола и меѓународната граница. Тој повикува на максимална воена воздржаност од двете земји – рече портпаролот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Штета е што Индија го нападна Пакистан