ГРОМ најавува ”позитивен” однос кон локалната власт во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Тоа што СДСМ е на локална власт, не е само проблем на ГРОМ, туку и проблем на најголем број граѓани на Куманово, истакна на денешната прес конференција, Зоран Петрушевски. член на ИО на ГРОМ, кој од партиските простории упати низа забелешки за работата на локалната власт.

Loading...

– Ние од ГРОМ само забележуваме и констатираме дека веќе никаква критика на работата на локалната власт не дава никакви резултати, и не може да ги натера да направат нешто за нашиот град. Токму тој однос не натера, наместо критики, да се обидеме со позитивен однос кон локалната власт да промениме нешто кај овие луѓе. Ветуваме дека во иднина нема да им бидеме досадни и ги замолуваме ако не им е тешко, да ги осветлат и да ги поправат нашите улици, да направат некој тротоар, со посебна молба да се стави една табла на влезот во Куманово, истакна Петрушевски.

ОО на ГРОМ Куманово побара да се укине таксата за пречистителна вода во населби каде што нема канализациона мрежа.

Leave a Reply