Грк приведен на Табановце, се обидел да пренесе марихуана

Сподели со своите пријатели

Грчки државјанин вчера околу пладне бил приведен на Граничниот премин Табановце бидејќи се обидел да внесе марихуана во Македонија.

Loading...

– На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово.

– По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трката „Born 2 Run“ по седми пат во Куманово

Никола Ивановски