Грк од Крит дал на анализа примерот од својата крв во болница во Хараклион, а останал шокиран кога лекарот го повикал и му соопштил дека е труден.
Мажот случајот го споделил со локалниот сајт „Неа Крити“.
Како што рекол, кардиологот му наредил да направи резултати на крв. Кога биле готови, лекарот го повикал во ординацијата, ги прочитал резутатите и му соопштил дека е труден, а дека наодите на крвта се многу добри.
– Отидов да ги проверам своите крвни зрнца и дознав дека сум во бремена состојба. Како е тоа можно, се прашува тој.
Набргу се испоставило дека станува збор за грешка, односно дека се измешале имињата на неговите наоди со една трудница. Болницата тврди дека пациентот погрешно ги толкувал резултатите, кои за него се наоѓаат во прват аколона, додека во втората колона се нормални нивоа за мажи, жени и трудници.
Локалниот печат поради овој случај повикува на поголема одговорност на медицинските работници кога станува збор за примероци и резултати од здравствени тестови.