Пратениците на Гренланд вчера се согласија да формираат нова влада, здружувајќи ги силите за да се спротивстават на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.
Четири од петте партии избрани во парламентот на Гренланд се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од вкупно 31 место во законодавниот дом.
Договорот се очекува да биде потпишан денеска, објави весникот „Сермитсијак“, повикувајќи се на Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит, најголемата партија во парламентот.
Џеј-Ди Венс пристигнува на островот
Договорот доаѓа додека Трамп ги засилува напорите да добие контрола над Гренланд.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигнува на Гренланд каде ќе ја посети американската вселенска база Питуфик.
По изненадувачката победа на неговата централно-десничарска партија на изборите на 11 март, Нилсен рече дека сака да формира најширока можна коалиција за да помогне во отпорот на американскиот притисок.
Конечниот договор исклучува само една партија, Налерак, која ги напушти коалициските преговори во понеделникот.
Гренланд има богати наоѓалишта на минерали и се протега на стратешки воздушни и поморски патишта во време кога САД, Русија и Кина се борат за позиции на Арктикот.