Грција: Најверојатна причина за пожарот во Атика е краток спој во струјните кабли

Сподели со своите пријатели

Краткиот спој во струјните кабли во Варнавас е најверојатната причина за пожарот што пред три дена избувна во Атика.

Loading...

Официјалната истрага за причините за пожарот се уште е во тек, но според информациите со кои располага Противпожарната служба, најверојатно причина за пожарот е краток спој во електричната мрежа, пренесува Прототема.

Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас на социјалните мрежи објави видео снимено со беспилотни летала на кое се гледа како дронот Парнита го детектира почетокот на пожарот во Варнавас во 15 часот и 20 минути, како и хеликоптерот кој пристигнува на местото на настанот четири минути подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урсула фон дер Лајен закажа средба со балканските лидери

Првите копнени сили пристигнале на лице место седум минути подоцна.

Од избувнувањето на пожарот, во климатизираните простории на ОАКА се сместени 150 жители на Атика кои морале да се евакуираат, на кои им е обезбедена храна, вода и места за одмор, како и здравствена заштита, јавува ЕРТ њуз.

Во исто време, 35 пациенти на возраст од 25 до 93 години од невропсихијатриската болница со седиште во Пентели привремено се префрлени во објектите на Олимпискиот стадион, од каде се пренесени во централен хотел во Атина.

Се очекува контролата на подрачјата низ кои помина пожарот во североисточна Атика да продолжи со денови, пред да започне нивното постепено ослободување, пренесува Катимерини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земјотреси во близина на Крит

Во пожарот загина жена, чие јагленосано тело е пронајдено во продавница во предградието на Атина, Патимо Халандриу.

Loading...