Откако започна да ги олеснува рестриктивните мерки на 4 мај, Грција во сабота ќе отвори 515 плажи за да се подготви за туристичката сезона за време на пандемијата на коронавирусот, јавуваат британските медиуми.
Сакате да патувате летово? Ова се мерките за безбедност на ЕУ!
Голем број на рестриктивни мерки ќе се применуваат на плажите.
Поради физичко растојание на 1.000 квадратни метри ќе може да има 40 посетители, забрането е точење алкохол, не се дозволени спортски активности како што е фудбал, растојанието помеѓу чадорите ќе биде четири метри, нема да има маси во ресторани и барови, туку гостите ќе можат да ги подигнат храната и пијалоците и да ги консумираат на нивните лежалки.
Како ќе изгледа туризмот по коронавирусот?
„Специфичните правила ќе се применуваат на плажите и нивната имплементација ќе биде строго контролирана. Ова е важен тест што мора да го поминеме за да започнеме туризам“, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Петас.
Грција успешно се справи со епидемијата на вирусот, има 2.770 заразени, додека 156 лица починаа.
ЕВРОПА: Каде и како ќе може да се патува оваа година?
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис неодамна изјави дека владата е посветена на започнувањето на туристичката сезона на 1 јули.
Туризмот е најважната индустрија и нејзиниот удел во грчкиот БДП е околу 20 проценти.