Грашок – природен лек против стрес

Сподели со своите пријатели

Некогаш грашокот важел за храна на сиромашните, но денес таа е присутна во многу елитни ресторани.

Loading...

Според тврдењата на професорот Хадемар Банкхофер од Виеан, грашокот содржи многу белковини и ја потикнува изградбата на мускулната маса.

Само 100 грама грашок го снабдува организмот со десет пати повеќе белковини, отколку на пример виршла со помфрит и парче торта со шлаг.

Грашокот меѓу другото заситува затоа што е богат со белковински материи и полека поминува низ дигестивниот тракт. Високиот процент на белковини има уште една предност, ја снижува зголемената вредност на холестеролот.

Освен тоа, грашокот има и големо количество на магнезиум. Само малку издинстван, грашокот станува вистинско анти-стрес јадење.

Исто така е идеал оброк за деца, затоа што после училиште дава нова енергија. Освен што ја потикнува изградбата на мускулите, грашокот ги зајакнува нервите, косата и сврзното ткиво, а ја подобрува концентрацијата и видот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.