ГРАДСКО ДЕРБИ: Кошаркарките на Куманово против Риниа

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово викендов на домашен терен ќе го играат натпреварот од 16то коло во Првата женска лига, а за противник ќе го имаат составот на Риниа.

Со оглед дека и двата клуба се од Куманово, љубителите на кошарката во градот ќе имаат можност да проследат воздбудливо градско дерби.

Кумановки влегуваат како благ фаворит во мечот со оглед дека од досега одиграните натревари имаат шест победи, наспротив само две на Риниа.

ЖКК Куманово ќе атакува и на петата победа во низа, откако и минатиот викенд впишаа победа на гостински терен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со убедлива победа ја заврши 2025 година

Утрешниот натпревар се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 16:30 часот.

Никола Ивановски