Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се наоѓа во притвор, денеска изјави дека неговиот адвокат е уапсен и побара негово итно ослободување, додека новинарските здруженија соопштија дека уште две новинарки биле уапсени поради известување за протестите.
„Овој пат мојот адвокат Мехмет Пехливан беше уапсен, а причините за апсењето беа измислени“, напиша Х, опозицискиот градоначалник на Истанбул, кој беше сменет од функцијата и приведен во неделата, на интернет.
Утрово беа уапсени и две новинарки кои известуваа за демонстрациите кои ја тресат Турција по апсењето на Имамоглу на 19 март.
Турскиот синдикат на новинари (ТГС) соопшти дека тие се уапсени во зори.
Десет новинари уапсени и приведени претходно оваа недела беа ослободени вчера, меѓу кои и фотограф на Франс прес.
Властите, соочени со бранот протести без преседан од 2013 година, вчера објавија дека од 19 март досега уапсиле 1.879 лица.
Меѓу нив, 260 се во притвор, додека повеќе од 950 се ослободени, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.