Млад брачен пар организирал интимна венчавка во Бенони, град во Јужна Африка, а никој не можел да се посомнева дека веста за нивната свадба ќе стигне до светски медиуми.
Имено, се одело според добро осмислениот план, а младенците уживале се додека одеднаш не се појавила љубовницата на младоженецот.
Loading...
Моментот кога анонимната жена влегла во црквата ја забележила и камерата, па на снимката се гледа дека младоженецот се обидува да ја смири тензијата за да церемонијата може да заврши до крај.
Сепак, присутните гости биле видно вознемирени, а некои и врескале, што се слуша на снимката која на Твитер ја објавил музичкиот продуцент од Јоханесбург, ди-џеј Нкокхи.
https://twitter.com/nkokhi/status/1007540016153878528