Горат пожари низ Куманово, Старо Нагоричане и Кратово

Сподели со своите пријатели

Повеќе пожари попладнево се активни на територијата на општините Куманово, Старо Нагоричане и Кратово.

Loading...

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, на подрачјето на Старо Нагоричане пожар има во селата Малотино и Жегљане,

Таму интервенираат два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, 30 припадници на армијата и исто толку полицајци. На терен се гасне и од пожарникари, вработени во локалната самоуправа, а гасне  месното население.

Според информациите на ЦУК во овие две села гори мешана шума.

Гори и на друга локација во Општината Старо Нагоричане. Ниска вегетација е во пламен во селата Ругинце и Коњух, кај месноста Кшала. На терен интервенираат шестмина пожарникари.

Во Куманово се уште е активен пожарот во атарот на селата К’шање и Кокошиње со насока на движење кн светиниколските сеа Горно и Долно Ѓуѓанци и Стројманци. Таму гори ниска шума и сува трева.

Пожар има и во кратовското село Татомир кој се шири кон територии на Куманово и Свети Николе. Пожарот уништува мешана шума.

На територијата на Македонија попладнево заклучно 15 часот активни се 14 пожари.

Loading...

Никола Ивановски