Голема полициска акција во Италија: Уапсени 61 член на најмоќната мафијашка група

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција уапси 61 член на Ндрангета, најмоќната мафијашка група во Италија, во серија рации во седум региони.

Loading...

Тие се осомничени за низа кривични дела, вклучително и измама, трговија со дрога, владина инфилтрација и изнуда на локални фармери.

Повеќе од 500 полицајци беа вклучени во операцијата, чија цел беше вкупно 167 лица, меѓу кои десетици кои моментално се во затвор.

Вчерашната акција беше само дел од пошироката операција за разбивање на групата.

Полицијата минатата недела објави дека повеќе од 100 луѓе биле уапсени ширум Европа во најголемата операција досега против Ндрангета.

Во неа биле вмешани десет земји, а биле конфискувани средства во вредност од 25 милиони евра, пишува Би-би-си.

Ндрангета се состои од 150 семејства

Истрагата откри и важни нови информации за тоа како функционираат некои од највисоките нивоа на групата.

Пасквале Бонавота, еден од наводните босови на мафијашката група, беше уапсен минатиот месец во катедрала во северниот град Џенова.

Loading...

Стотици други мафијаши и корумпирани функционери се или осудени или допрва треба да им се суди поради сомневање за вмешаност во семејството Манкузо.

Семејството Манкузо е само едно од 150-те семејства што ја сочинуваат криминалната мрежа „Ндрангета“.

Италијанските и белгиските истражители веруваат дека „Ндрангета шверцувала близу 25.000 килограми кокаин во периодот од октомври 2019 година до јануари 2022 година и префрлила повеќе од 22 милиони евра од Калабрија во Белгија, Холандија и Јужна Америка.