Го носеле и проститутки: 10 историски факти за ременот на невиноста

Сподели со своите пријатели

Ременот на невиноста станале популарни во Европа во 15 и 16 век, а нивната функција им е на сите добро позната. Меѓутоа, многумина не знаат дека појасот на невиноста често бил носен, не како „заштитно средство“, туку како декоративен, односно моден детал.

Loading...

Појасот или ременот на невиноста е предмет за спречување на полови односи и мастурбација. Низ историјата биле предвидени особено за зачувување на т.н. надворешна чистота на жената, да ја штитат од силување и одвраќање на жените и нивните партнери од сексуални односи.

Ременот се затвора со мал клуч, кој го имал мажот.

Ви пренесуваме 10 факти за ременот на невиноста, кои веројатно не ви биле познати.

1. Не се знае точно времето за формирање на првите појаси на невиноста. Некои сметаат дека прв пат се направени во Италија во 16 век. Други ја наведуваат 1150 година, а има и такви кои појавувањето на овој изум го врзуваат уште со перидото на древни Римјани и Грци.

2. Некои жени во Париз биле приморани на носење на железните ремени на невиноста. Овие француски ремени имале обрач обвиен со сомот. Обрачот бил со променлива ширина така што мажит еможеле да го стегнуваат и олабавуваат во зависност од своето расположение.

3. Ременот на невинсота многу често бил правен само во една величина. И покрај тоа, подебелите жени морале да ги носат и притоа трпеле силни болки.

4. Во текот на 16 и 17 век, популарниот ремен во централниот дел на Европа имал метален обрач со обем од 80 сантиметри. На колковите се наоѓале четири метални делови. Постоеле мали дупчиња за мокрење, а сето тоа било обезбедено со катанец.

Loading...

5. Робинките во Рим биле приморани да носат вакви појаси за да бидат „доволно добри“ за своите господари.

6. Припадниците на американската восјак пријавувале дека на Блискиот исток видувале жени кои носеле појаси на невиност во доцните 30ти години од 20 век.

9. Римјанките и Гркинките често носеле метални или кожни ремени на невиноста преку своите фустани за да бидат во тренд. Ремените се состоеле од една лента, од пар ленти, од украсни ленти или од три ленти. Ваквиот ситл служел за истакнување на женските гради и колкови.

8. Проститутките во Рим понекогаш биле приморани да носат појаси на невиност. Појасите биле така изработени што ги откривале нивните интимни делови, а ги носеле за да муштериите станат позаинтересирани. Тогаш мажот кој бил тогашен „макро“ ги отклучувал појасите и за тоа добивал пари.

9. Еден од најнеобичните појаси на невиноста е изложен во Националниот музеј на средниот век „Клуна“ во Париз. Направен е од неколку десетици метални зглобови и груби парчиња железо кои го прекриваат секој дел од женската карлица.

10. Во текот на 19 век многу жени биле приморани на носење „ремени за ден“ при одење на патувања на кои немале надзор.

Loading...

Leave a Reply