Го фатиле пироманот и го врзале за дрво додека не дојде полицијата

Сподели со своите пријатели

Полицијата во американската сојузна држава Орегон уапсила маж осомничен дека предизвикал два пожари, јавуваат американските медиуми.

Loading...

За време на апсењето немало многу работа за полицајците, бидејќи најголем дел од тоа го правеле мештаните.

Го гаснеле пожарот додека не пристигнале пожарникарите, а кога го виделе осомничениот, 30-годишниот Тренон Смит, го грабнале и го врзале за дрво додека не дошла полицијата.

– Осомничениот им давал отпор на локалните жители и тие морале да го врзат за дрво додека не дојде полицијата – изјави началникот на локалната полиција Џон Вард, кој патем им се заблагодари на сите што помогнаа да се изгасне пожарот и да се фати осомничениот.

– Брзите акции за гасење пожар секако спречија катастрофа и спасија животи. Вкупната опожарена површина е помалку од едно утро – се наведува во соопштението до медиумите испратено од полицијата.

Смит бил уапсен и пренесен во болница поради повредите здобиени при падот. Но, еден час подоцна бил приведен и против него биле поднесени неколку пријави за предизвикување на пожарот…