„Гласна тишина“ – самостојна изложба на Мартина Спасовска

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики со наслов „Гласна тишина“ – од младата авторка Мартина Спасовска.

Loading...

Изложбата содржи 13 дела работени во последните две години. Оваа поставка беше презентирана и претходно во МКЦ Скопје.

Мартина Спасовска е млада визуелна уметница, родена во Куманово, Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – насока сликарство (2023).

Таа го истражува и користи човечкото месо како главен елемент во нејзините дела, преку кои поставува повеќе прашања за начинот на кој е претставен човечкиот идентитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Делата ги третира со сложена мешавина на страв, емпатија, деликатес, ранливост и моќ.

Има изложувано во Македонија, Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција.

Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик (потоа вклучува и други женски ликови видени од нејзина перспектива), не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт.

Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време.

Loading...

Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет.

Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина.

Избегнувајќи идеализирање на портретните претстави делата на Мартина Спасовска се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија и говорат пред сѐ за состојбата во која реалноста се преобликува во нова онтолошка метареалност.

Деконструирајќи го портретот и повторно градејќи го низ одредени експресионистички потези постигнува ефект на преобразба на реалноста и се сосредоточува на неговото внатрешно доживување, трансформирање и трансцендентирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Во таа експресивна хармонија платното престанува да биде дводимензионална површина врз која се редат деликатни нијанси и сложени акорди на тонови, туку станува метафизички меѓупростор на визуелно конципирање на мислата во просторот. “

Изложбата ќе биде поставена до 10.05.2024 година.

Пишува: Горанчо Ѓорѓиевски – историчар на уметност

Loading...