Ги тужел сопствените деца тврдејќи дека го крадат и клеветат

Сподели со своите пријатели

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужел своите деца и поранешната менаџерка тврдејќи дека му ги крадат парите и дека го клеветат.

Тужбата во која Олдрин анведува и дека го спречуваат да се жени, е покрената откако неговите деца Ендру и Џенис поднеле барање за преземање на контролата над неговите финансии.

Децата барале од судија да ги именува за законски старатели на Олдрин тврдејќи дека нивниот 88-годишен татко пати од губење на памтењето и параноја.

Баз Олдрин е вториот човек кој стапнал на Месечината. Заедно со Нил Армстронг бил во мисијата Аполо 11 во 1969. година. Армстронг е првио кој стапнал на површинат ана Месечината, а само неколку минути подоцна следувал и Олдрин.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

Кристина Корп, поранешната бизнис менаџерка на Олдрин, на Твитер напишала дека поранешниот космонаут неправедно ја обвинува.

Во барањето за управување со имотот се наведува дека Олдрин троши пари со голема бризна како и дека неговите пријатели сакаат да го оделат од семејството.

Судот за оваа недела одредил вештачење на кое треба да се процени психичката состојба на Баз Олдрин.

Олдрин самоиницијативно во април бил на психијатриска проценка, кога е утврдено дека неогвата сосотјба е подобра од очекуваното за негови години. Мислењето на психијатарот е дека тој е во состојба да се грижи за себе и да управува со своите пари.

Олдрин ги тужел своите деца, додека неговиот постар син Џејмс не учествува во спорот.

Олдрин кон почетокот на јуни присуствувал на настан во Белата куќа кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дела Пентагон ќе бара да се формира Вселенска сила, како одвоена служба на вооружените сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Leave a Reply