Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужел своите деца и поранешната менаџерка тврдејќи дека му ги крадат парите и дека го клеветат.
Тужбата во која Олдрин анведува и дека го спречуваат да се жени, е покрената откако неговите деца Ендру и Џенис поднеле барање за преземање на контролата над неговите финансии.
Децата барале од судија да ги именува за законски старатели на Олдрин тврдејќи дека нивниот 88-годишен татко пати од губење на памтењето и параноја.
Баз Олдрин е вториот човек кој стапнал на Месечината. Заедно со Нил Армстронг бил во мисијата Аполо 11 во 1969. година. Армстронг е првио кој стапнал на површинат ана Месечината, а само неколку минути подоцна следувал и Олдрин.
АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!