Германските власти: Вратата на ЕУ останува отворена за Грузија

Сподели со своите пријатели

Германските власти денеска тврдеа дека вратата на Европската унија останува отворена за Грузија, повикувајќи ја владата на земјата да го поддржи тој пат, во време кога земјата доживува масовна проевропска мобилизација на улиците.

Loading...

„Вратата на Европа останува отворена за Грузија, но она што е важно е дека Грузија оди по овој пат, а луѓето што ги гледаме како протестираат сакаат да одат на тој начин“, рече портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Себастијан Фишер на редовната прес-конференција.

Грузија официјално доби кандидатски статус за членство во ЕУ во декември 2023 година, но Брисел сега го замрзна процесот, обвинувајќи ја извршната власт за сериозно демократско назадување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На протестот во Грузија повредени 21 полицаец, досега се уапсени 224 лица

Целта за евентуално приклучување кон европското семејство е заштитена со грузискиот устав и првично беше цел на актуелната влада, која отстапи од неа“, рече Фишер.

„Масовните протести во последните неколку дена јасно покажуваат дека многу луѓе во Грузија сакаат да имаат иднина во рамките на ЕУ“, додаде портпаролот на германската дипломатија.

Грузија, поранешна советска република, е во превирања по парламентарните избори одржани на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон.

Сепак, опозицијата ги осуди изборните нерегуларности и ја бојкотира работата на новото свикување на парламентот.

Уличните демонстрации, кои привлекуваат илјадници демонстранти неколку ноќи по ред, беа поттикнати од одлуката на владата да ги одложи амбициите на земјата за влез во Европската унија до 2028 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот шеф на ЕУ дојде во Киев ненајавено, вети 1,5 милијарди евра месечно