Германскиот систем за ПВО пристигна во Украина

Сподели со своите пријатели

Германија го испорача првиот од четирите системи за воздушна одбрана ИРИС-Т на Украина, а американскиот систем НАСАМС е на пат, изјави украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

Loading...

Резников вчера на својот Твитер профил објави германска испорака на системи за противвоздушна одбрана, неколку дена откако тешки руски ракетни напади ги погодија главните украински градови, вклучително и Киев, пренесува Дојче веле.

„Во Украина започна нова ера на противвоздушна одбрана. IRIS-T од Германија е веќе тука. Пристигнува американски NASAMS. Ова е само почеток. И ни треба повеќе. Нема сомнеж дека Русија е терористичка држава“, тој напиша.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Првичниот план беше до крајот на годината да се испорачаат одамна ветените системи, кои се способни да заштитат цел град од проектили на домет до 40 километри.

Сепак, смртоносните руски напади во понеделникот врз украинските градови го забрзаа рокот за испорака.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во понеделникот рече дека обновениот ракетен оган врз Киев покажува „колку е важно Украина брзо да биде снабдена со системи за противвоздушна одбрана“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска очекува позитивен одговор од западните сојузници, во Брисел, на неговите барања за брзо зголемување на воената помош.

Во вторникот тој конкретно побара од лидерите на Групата седум од најразвиените светски економии дополнително да го поддржат подобрувањето на воздушната одбрана на неговата земја.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

САД објавија дека ја забрзуваат испораката на софистицирани системи НАСАМС во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.