Германски министер: Видов што рече Маск. Тоа е знак на слабост и страв!

Сподели со своите пријатели

Илон Маск за време на викендот изјави дека е за нула царини меѓу САД и ЕУ, со што јавно се спротивстави на царинската политика на Доналд Трамп, претседателот кого до неодамна отворено го поддржуваше.

Loading...

Денеска реагираше германскиот министер за економија Роберт Хабек кој неговите изјави ги нарече знак на „слабост“ и „страв“.

„Тоа е знак на слабост и страв. Ако има нешто да каже, нека му каже на Трамп“

„Да, прочитав што рече Илон Маск“, рече Хабек по пристигнувањето на состанокот на министрите за трговија на ЕУ во Луксембург и додаде: „Мислам дека тоа е знак на слабост и можеби страв бидејќи политиката што моментално се спроведува е сосема поинаква“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кенеди, критичарот на вакцините: Најефективниот начин за борба против сипаници е вакцината

„Ако Маск има нешто да каже, нека му каже на својот претседател. Пред да разговараме за укинување на тарифите, да престанеме со глупавите работи што ги направивте минатата недела“.

Најавата на Маск за неговата желба за трговија без царини дојде откако тарифите на Трамп предизвикаа шокови низ пазарите, вклучувајќи го и падот на акциите на Tesla, кои утрово загубија повеќе од 8%.

„Затоа се плаши“

„Единственото логично објаснување што го имам е дека тој сега гледа дека неговите сопствени компании, па дури и цели економии почнуваат да експлодираат поради хаосот што го предизвикале. И затоа се плаши“, рече Хабек.

Тој повика на враќање на глобализацијата и отворената трговија, велејќи дека тоа е политика од која „биле корист сите економии во светот, особено американската“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху оди на подолг пат до Вашингтон за да избегне налог за апсење