Германија трага по овој 18-годишник. Полицијата предупредува: Не му се приближувајте!

Сподели со своите пријатели

Полицијата во германскиот град Касел објави јавна потрага по 18-годишниот Димитар Ленц под сомнение дека го убил својот 21-годишен брат.

Истражителите ги предупредија граѓаните да не му се приближуваат на осомничениот бидејќи може да биде опасен и веднаш да ја известат полицијата, пишува Билд.

Пронајден мртов во стан

Заплетот почна да се расплетува во саботата, кога роднините пријавија дека 21-годишникот е исчезнат бидејќи не можеле да стапат во контакт со него.

Полицијата го пронашла мртов во стан во населбата Валдау во Касел во текот на ноќта во неделата.

„Околностите на местото каде што е пронајдено телото јасно укажуваат на насилна смрт“, рече портпаролот на полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Кина, 13 лица се повредени

Темните сомневања беа потврдени со обдукцијата извршена во неделата.

Помладиот брат е осомничен

Криминалистичката полиција од Касел набрзо го идентификуваше помладиот брат на убиениот како главен осомничен.

Тој е осомничен дека го убил 21-годишникот со примена на тапа сила, користејќи засега непознат предмет.

Мотивот за наводното братоубиство е сè уште нејасен.

„Понатамошните истраги и потрагата се во полн ек“, соопшти полицијата.

Полицијата бара помош од граѓаните

Бидејќи осомничениот е во бегство, полицијата упати јавен апел за помош.

Димитар Ханс-Јирген Ленц, како што е неговото целосно име, е висок 1,74 метри, слаб, има кратка, темнокафеава коса и кафеави очи.

Се верува дека носи бела маица, фармерки и сиви патики.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лукашенко со Си: Односите меѓу Кина и Белорусија на историски врв

Истражителите ги предупредуваат граѓаните да не му се приближуваат, туку „веднаш да се јават во полиција на бројот за итни случаи 110“.

Сите информации за евентуалното местоположба на осомничениот можат да се пријават во Полициската управа на Северен Хесен на 0561 – 9100.