Германската полиција со водени топови ги разладува граѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рекордниот топлотен бран што ја зафати Европа ги принуди германската полиција и пожарникари да преземат необични мерки – граѓаните беа ладени со водени топови и противпожарни возила.

Додека температурите во неколку земји надминуваат 40 степени целзиусови, екстремната жештина предизвикува прекини во сообраќајот, енергијата и секојдневниот живот.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Германија на кои се гледа како полициски водени топови прскаат вода врз граѓаните собрани во парковите, додека пожарникарите во Келн користеа специјални возила за полевање на улиците за да ја намалат температурата на воздухот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија трага по овој 18-годишник. Полицијата предупредува: Не му се приближувајте!

Во Берлин, температурата достигна 39 степени во саботата, поради што полицијата испрати два водени топови на улиците за да им помогне на граѓаните да се справат со екстремната жештина.

Слична тактика на ладење беше употребена и во Прага, каде пожарникарите ги прскаа улиците со вода за да ги разладат граѓаните.

 

 

Во исто време, Германија забележа нов температурен рекорд. Во градот Мекерн-Древиц во сојузната покраина Саксонија-Анхалт беа измерени дури 41,5 степени Целзиусови, надминувајќи го рекордот поставен само еден ден претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на жртви во Венецуела надмина 1.500, а се стравува дека бројот ќе расте

Рекордите паѓаа и во други европски земји. Данска ја забележа највисоката температура откако се направени мерењата – 37 степени, Чешка измерени 40,9 степени, Швајцарија го имаше најтоплиот јунски ден во историјата, додека Братислава ја доживеа најтоплата ноќ откако се достапни мерењата.

Високите температури предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и енергетскиот систем.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Кина, 13 лица се повредени

Германскиот железнички превозник „Дојче Бан“ им дозволи на патниците бесплатно да ги откажат своите патувања, додека некои железнички линии беа привремено суспендирани поради ризик од оштетување на инфраструктурата.

Дел од еден од најпрометните автопати во близина на Хамбург беше затворен откако асфалтот пукна поради топлината.