Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска предупреди дека земјата бележи постојан пораст на бројот на нови инфекции со коронавирус како што се приближува есента и ги повика постарите лица да примат втора доза од вакцината за да се заштитат од новите соеви на вирусот.
Другите европски земји како Франција, Данска и Холандија, исто така, забележуваат зголемување на бројот на нови инфекции, изјави Лаутербах на новинарите во Берлин.
„Очигледно сме на почеток на зимски бран“, рече тој.
Германските власти регистрираа 96.367 нови инфекции во изминатите 24 часа, што е приближно двојно повеќе од бројот пред една недела.
Почнувајќи од утре, 16 германски покраини повторно би можеле да воведат рестриктивни мерки во борбата против пандемијата, како што е задолжителното носење маски во затворени простории.