Германија: Нуклеарките нема да работат по зимата

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за животна средина Штефи Лемке ја отфрли можноста за продолжување на животниот век на две нуклеарни централи по оваа зима, откако владата рече дека планира да ги задржи тие да работат три месеци подолго од претходно планираното.

Loading...

Германија имаше намера да го заврши постепеното укинување на нуклеарната енергија до крајот на оваа година, пренесува Танјуг.

Колапсот на снабдувањето со енергија од Русија поради војната во Украина го принуди официјален Берлин да држи две нуклеарни централи во подготвеност до април.

„Ја исклучувам можноста за продолжување на работниот век на нуклеарните централи по претстојната зима и новото купување на неопходните компоненти за гориво“, рече Лемке, член на Партијата на зелените.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.