Германец го натепал соседот бидејќи гласно го толчел месото за шницла

Сподели со своите пријатели

Во Германија се случил необичен конфликт меѓу соседите, кој завршил со пристигнување на полицијата откако на едниот сосед му пречело „прегласното“ удирање на другиот во месото што го подготвувал за вечера.

Според полицијата, сето тоа се случило во Гајзелхоринг, во квартот Штраубинг-Боген во Баварија, кога 61-годишниот станар изгубил контрола откако му пречела вревата кога соседот со чекан го удирал месото за виенски стек.

Отишол кај соседот, објавил Феникс, прво го навредувал, а потоа му удрил шлаканица.

Нападнатиот не возвратил, туку пријавил во полиција.

Кога пристигнала полицијата, ги разделила мажите, а против напаѓачот отворила постапка за нанесување телесни повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ подготвува итни мерки поради можен недостиг на гориво за авионите