Герасимов ги посети руските војници, им го честиташе освојувањето на Авдиивка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Началникот на ГШ на руската армија Валериј Герасимов ги посети единиците кои се борат во војната во Украина за да разговараат за следните чекори по заземањето на градот Авдиивка, јавија денеска државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Loading...

Доделени почести

Претседателот Владимир Путин вчера изјави дека руските трупи дополнително ќе притискаат во Украина за да го надградат својот успех на бојното поле по падот на градот Авдиивка, каде што украинските војници беа принудени да се повлечат.

Во видеото на Министерството за одбрана, Герасимов е прикажан како доделува медали на руски војници кои учествувале во заземањето на Авдиивка и добива извештај од командантот задолжен за рускиот напад на Авдиивка, генерал-полковник Андреј Мордвичев, соопштија државните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно изјави дека Авдиивка немаше да падне доколку Киев го добиеше оружјето што не пристигнало поради застојот во американскиот Конгрес, кој се уште не одобрил голем пакет помош за Украина.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...