Гаспром: Извозот на природен гас намален за 27 отсто

Сподели со своите пријатели

Руската енергетска компанија Газпром во петокот соопшти дека во првите три месеци од 2022 година обемот на извозот на нивниот природен гас изнесува 38,5 милијарди кубни метри, што е за 27,1 отсто помалку од истиот период минатата година.

Loading...

„Во споменатиот период, извозот на природен гас на компанијата во земјите надвор од Заедницата на независни држави [ЗНД] е намален за 27,1 отсто во споредба со истиот период минатата година и изнесува 38,5 милијарди кубни метри“, соопшти Газпром, пренесе Анадолија.

 

„Австрија не може едноставно да се откаже од рускиот гас“

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Техеран втор ден е најзагадениот град во светот

Според соопштението, производството на природен гас на компанијата во првите три месеци од годинава не е променето во однос на истиот период лани, но извозот е намален.

Непроменето производство

Според прелиминарните податоци, производството на природен гас на компанијата остана непроменето на 135 милијарди кубни метри.

Loading...

Во соопштението се наведува дека компанијата го зголемила извозот во Кина, додека зафатеноста на подземните складишта на природен гас во Европа изнесува 26 отсто.

 

НАТО доби порака од Москва: Си играте со оган

 

„Газпром“ соопшти дека продолжува да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина, во согласност со барањата на европските клиенти, јави Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја: Полицијата размислува за апсење на претседателот

Според соопштението, компанијата добила барања за испорака на 108,4 милиони кубни метри гас до европските клиенти на 1 април, што е помалку од 109,5 милиони кубни метри нарачани претходниот ден.