ФЗОМ Куманово отстапи на трајно користење инвалидски колички на Општата болница

Сподели со своите пријатели

Фондот за здравствено и пензиско осигурвање од Куманово денеска отстапи на трајно користење 86 инвалидски колички во Општата болница.

Loading...

– Ќе ни помогнат во пружање на континуирана, ефикасна и сеопфатна здравствена нега со цел да обезбедиме квалитететен и сигурен здравствен третман на нашите пациенти, изјави директорот на кумановската болница, Стефан Трајановски.

Количките ќе бидат распределени по одделенијата во зависност од потребите, вели Владимир Симоновски, главен медицински техничар во болницата.

– Благодарност до ФЗОМ ПС Куманово и до Раководителот Сашо Стошевски што излезе во пресрет на нашето барање, изјави Симоновски.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)