Режимсата руска агенција РИА објави дека проруските власти во окупираниот град Херсон уапсиле девет лица за кои тврдат дека се украински специјални сили кои планирале саботажа.
Руската безбедносна агенција ФСБ објави:
„Активностите на диверзантско-извидувачката група, чија задача беше да изврши терористички напади врз високи членови на воено-цивилната управа на Херсон, беа пресретнати и запрени“.
ФСБ тврди дека кај девет украински специјалци пронашле повеќе од пет килограми пластичен експлозив, електрични детонатори, пет бомби, пиштоли и муниција и специјална опрема за извидување.
Таа руска безбедносна служба објави и видео за кое тврди дека го прикажува апсењето на украинските специјалци.
РИА пренесува дека ФСБ се пофалила со откривањето и неутрализирањето на автомобилот-бомба во Херсон.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.