Песков: Украина се обидува да го прошири конфликтот кон Медитеранот и Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Украина се обидува да ја прошири географијата на конфликтот кон Медитеранот и Балтичкото Море, што, како што рече, би можело да предизвика загриженост кај крајбрежните држави и НАТО.

„Секако, никој не би сакал да ја прошири географијата на конфликтот, а ова се потенцијално многу опасни потези од страна на режимот во Киев“, нагласи Песков, пренесува Спутник.

Тој ги нарече потезите на Киев во тие области „терористички активности“ и предупреди дека ширењето на конфликтот може да има опасни последици.

Тој зборуваше и за односите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп, оценувајќи ги како прагматични и пријателски, што, според него, им овозможува да разговараат за сложени прашања за кои имаат различни ставови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп и шефот на НАТО испратија порака до Москва: Русија треба да избегнува потези што би можеле да ја прошират војната

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги заштити своите интереси

Песков претходно изјави, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, дека енергетското примирје би покажало дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен во врска со мировните преговори, дека нејзината изјава ја потврдува загриженоста на Русија за способноста на ЕУ да заземе конструктивен став и да го поддржи мировниот процес.

„Русија не треба да одговара на ничии ултиматуми, туку да ги обезбеди своите национални интереси“, изјави Песков за порталот „Вести“.

Тој изјави дека Европејците одговараат на поканата да дојдат во Москва на разговори, но не е јасно какви би биле тие разговори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински дронови погодија паркинг во Запорожје, пет лица загинаа

„Секако, со вакви ултиматуми, многу е тешко да се преземе улогата на медијатор или учесник во преговорите за мировно решение“, истакна Песков.

Тој изјави дека Русија не должи ништо и дека мора да ги обезбеди своите национални интереси.

Фон дер Лајен во средата во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент (ЕП) на пленарната седница во Стразбур изјави дека согласноста на Путин за енергетско примирје во текот на зимата и прекин на огнот на Црното Море за да се дозволи извоз на украинска храна „ќе покаже дека Русија е сериозна во врска со преговорите“, објавува Политико.

Таа, исто така, објави дека „силен европски тим ќе учествува во следната рунда преговори“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поевтино е Европа да го финансира Киев отколку сама да војува со Русија

Зборувајќи за стратегијата на ЕУ, таа во ЕП изјави дека Европа ќе продолжи да дава максимална поддршка на Украина и во исто време да го зголемува притисокот врз Русија, со целосно европско вклучување во преговорите за постигнување траен мир, објавува Танјуг.