Приведен 27-годишен кумановец за издржување затворска казна од две години

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера попладне поради издржување затворска казна од две години.

– На 25.11.2026 во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(27) од село Љубодраг, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300  од Кривичниот законик.

– Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР со најава за облачно и студено време со врнежи од снег

Никола Ивановски