Француските синдикати најавија генерален штрајк и демонстрации за утре, шести пат од почетокот на годинава, со цел да се повтори големата излезност на улиците што беше забележана за време на најголемиот протест на 19 јануари, кога повеќе од милион луѓе излезе на протест против реформата на пензискиот систем.
Францускиот министер за транспорт Клемен Бон изјави дека штрајкот утре ќе предизвика големи прекини во сообраќајот.
„Ќе има сериозни последици“, изјави тој за телевизијата Франс 3.
Потенцијален колапс на системот
Министерот додаде дека очекува штрајкот „да биде еден од најтешките досега“, особено за патниците.
„За многумина тоа ќе биде вистинска болка“, нагласи Боун.
Некои синдикати повикаа на штрајк во рафинериите и во националната железница.
Претседателот Емануел Макрон се залага за реформа со која ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, велејќи дека таквата одлука е од витално значење за да се избегне колапс на државниот пензиски систем.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.