Францускиот министер за труд Оливер Дисоп денеска изјави дека „нема преговори“ за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, што го планира француската влада.
„Ако не одиме на 64 години, пензискиот систем нема да биде во рамнотежа“, изјави Дисоп за телевизијата Франс 2.
Министерот за труд се осврна и на вчерашните масовни протести против пензиската реформа во Франција, кога на улица излегоа повеќе од милион луѓе.
„Мобилизацијата беше голема, што значи дека треба да продолжиме да им ја објаснуваме пензиската реформа на граѓаните“, заклучува Дисоп.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството од француското население се противи на пензиската реформа предложена од претседателот Емануел Макрон и француската влада.
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека на вчерашните протести учествувале вкупно 1,27 милиони граѓани.
Француските синдикални лидери најавија нови протести за 7 и 11 февруари на вчерашната заедничка прес-конференција.