Франција стана првата земја во светот која го вклучи правото на абортус во уставот

Сподели со своите пријатели

Франција стана првата земја во светот која го запиша правото на абортус во уставот, потег што беше поздравен како историски чекор од групите за права на жените и остро критикуван од групите против абортусот.

Loading...

Претставниците во Националното собрание и сенаторите со големо мнозинство го поддржаа овој потег со 780 гласа „за“ и 72 „против“.

По повод споменатото гласање, беше свикана заедничка седница на двата дома на парламентот под позлатените тавани на палатата Версај.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави „француската гордост“ и „универзалната порака“ по гласањето.

– Заедно да ја прославиме новата слобода загарантирана во уставот, напиша Макрон во пораката објавена на Х.

Активистите за правата на абортусот собрани во центарот на Париз навиваа и ракоплескаа додека Ајфеловата кула трепкаше во позадина и ја прикажуваше пораката „MyBodyMyChoice“ додека резултатот од гласањето беше објавен на огромен екран.

Правата за абортус имаат поголема поддршка во Франција отколку во САД и многу други земји, а анкетите покажуваат дека околу 80 отсто од Французите ја поддржуваат легализацијата на абортусот.

– Испраќаме порака до сите жени: вашето тело ви припаѓа вам и никој не може да одлучува наместо вас, им порача премиерот Габриел Атал на пратениците пред гласањето.

Loading...

Жените имаат законско право на абортус во Франција од 1974 година.

Одлуката на Врховниот суд на САД од 2022 година за поништување на Roe v.

Сепак, потегот на францускиот парламент не беше изземен од критики.

Ќе гласаме за вклучување во уставот бидејќи немаме проблем со тоа, изјави лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен пред гласањето во Версај, додавајќи дека е претерување да се зборува за историски чекор бидејќи, како што рече, не еден го загрозува правото на абортус во Франција.