Франција: Четврти ден протести, некои рафинерии сè уште блокирани

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на француската нафтена компанија „Тотал енерџи“ денеска изјави дека поради штрајкот на работниците од оваа рафинерија, кои веќе четврти ден протестираат против најавената пензиска реформа, испораките на гориво сѐ уште се блокирани.

Loading...

Околу 40 отсто од работниците во утринската смена денеска го продолжија штрајкот, додаде портпаролот на Тотал Енерџис, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на радикалниот синдикат ЦГТ објави дека испораките биле прекинати и во рафинеријата Фос, која е во сопственост на компанијата Есо.

„Штрајкот денеска беше прекинат во рафинеријата Порт Џером, но се надеваме дека ќе продолжи следната недела“, додаде портпаролот на CGT.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.