Финска утре официјално се приклучува на НАТО

Сподели со своите пријатели

Финска ќе стане членка на НАТО во вторник, 4 април 2023 година, соопшти Кабинетот на претседателот Саули Ниинисто.

Loading...

По тој повод, финскиот претседател ќе отпатува во Брисел и ќе присуствува на церемонијата за прием во седиштето на НАТО.

Финска во вторник во Брисел, пред почетокот на состаноците на министрите за надворешни работи на НАТО, на американскиот Стејт департмент ќе му го предаде инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор.

Депозитот ќе го вложи министерот за надворешни работи Пека Хаависто, додека церемонијата на подигнување на знамето по повод приемот на Финска во НАТО ќе се одржи во седиштето на Алијансата.

На настанот говор ќе одржат претседателот Ниниста и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а пред церемонијата, претседателот и генералниот секретар ќе имаат билатерална средба и заедничко обраќање пред новинарите.