Можеби ви звучи чудно што работите во вашиот животен простор можат да влијаат на количината на пари што влегува во вашиот живот, но според филозофијата на фенг шуи, ние секојдневно гледаме и допираме разни нешта чија енергија, заедно со онаа што ја носиме во себе, може да прави чуда.
Во овој поглед на светот, дури и парите претставуваат еден вид енергија, бидејќи тие често носат добро расположение и ги прават луѓето посреќни.
Целта е да создадете услови во вашиот дом и живот за непрекинат проток на животна енергија, чија што, а со тоа и самите ќе си обезбедите сигурност и благосостојба.
Ви пренесуваме шест важни фенг шуи совети кои ќе обезбедат поголем прилив на пари во вашиот дом.
Поправете ги скршените славини
Според учењата на Фенг Шуи, водата може да значи две работи – пари и емоции. Зошто тие две работи? Па, едноставно е, водата тече, а парите и емоциите се видови на енергија кои, повторно, како водата, имаат свој тек.
Поправете ги славините ако тече вода. Или ако покривот ви протекува. Поправајќи ги работите во вашиот дом, всушност, го подобрувате и вашиот живот.
Затворете го капакот на тоалетната школка
Бањата е одличен „потрошувач“ на позитивна енергија. Водата од чешмата се влева во одводот, а со испирање на тоалетот трошите и значителни извори на енергија.
Затоа, затворете го капакот на тоалетната школка за да спречите енергијата да си оди од вас. И би било добро да врзете црвена панделка на цевката зад шолјата, што, ако им се верува на правилата на фенг шуи, ќе ги заштити вашите финансии засекогаш.
Уредете ја влезната врата
Многу е важно влезната врата да е добредојдена. Отстранете ги сите непотребни работи, ѓубре, дрва, стари чевли, бидејќи тие ќе го блокираат патот до позитивната енергија.
Исто така, проверете дали работи ѕвончето за да можете да слушнете кога ќе заѕвони некоја деловна можност.
Адресата и бројот на куќата или станот мора да бидат лесно видливи, за да може енергијата брзо да го најде патот до вашиот дом.
Размислете за симболите
Кога поминувате низ влезната врата, што ви се наоша на левата страна од просторијата каде што се наоѓате?
Според старото тибетско учење, тој дел од вашиот дом е делот кој е многу важен за парите. Што има таму? Дали работите овде се уредно средени или се во целосен хаос? Доколку се е натрупано и неорганизирано, можно е и вашите финансии да бидат во истиот хаос.
Дали во тој дел има домашно растение кое брзо вирее и маѓепсува со својот мирис? Потоа очекувајте да се подобрат и вашите финансии.
За да ја направите енергијата и приливот на пари што е можно поголем и безбеден, на ѕидовите ставете слики од природата, дрвјата, едрилици, река или можеби коњ. Секоја од овие слики ја симболизира слободата и предизвикува позитивна енергија во вашиот дом.
Редовно одржувајте ги шпоретот на дрва или каминот
Според учењата на фенг шуи, шпоретот на дрва симболизира изобилство и богатство. Погрижете се секогаш да е чист и редовно да го одржувате оџакот. На овој начин ќе отворите пат за енергија која ќе овозможи создавање на повеќе деловни можности, а со тоа и поголема заработка.
Научете да ги цените парите
Откако ќе ги направите претходните пет чекори, време е да се „забавите“ со сопствениот однос кон парите.
Можеби уште од детството имате искривена слика за парите и богатите луѓе. Можеби мислите дека се злобни и дека заработиле пари на погрешен начин.
Време е да се премислите. Почнете да гледате на парите како награда за добри дела, добрина, интелигенција и посветеност кон другите.
Без разлика дали трошите, штедите, примате или давате пари, бидете секогаш благодарни во животот. Вашиот оптимизам и позитивна енергија сами ќе привлечат пари.