Фејсбук ќе воведе гиф фотографии наместо профилна слика

Сподели со своите пријатели

Наместо стандардниот формат, корисниците на социјалната мрежа Фејсбук наскоро ќе можат наместо профилна фотографија, да постават ГИФ фото во времетраење од седум секунди, јавува веб порталот Business Insider.

Loading...

giphy

Краткиот клип ќе се активира кога некој ќе пристапи на вашиот профил, со што ќе се даде една нова димензија на корисничкиот профил.

Освен ова промена, ќе следи и промена за автоматско померување на одредени профилни фотографии и видео записи, велат од Фејсбук.

Тоа ќе значи промена на профилната фотографија откако некои корисници забораваат да си ја вратат старата профилна слика по одбележување на некој ден или случка (како што тоа беше пример со профилните фотографии со боите на виножито по повод одбележувањето на денот посветен на ЛГБТ популацијата)

Новата опција ќе овозможи автоматско враќање на старите профилни фотографии или видео записи, а при тоа да не морате да размислувате воопшто. Се` што е доволно е да зададете временски период и фотографијата автоматски ќе се промени, а профилот ќе се врати на стариот изглед.

Третиот новитет ќе биде поставување на поголем број вести на самиот врв на профилната страница, вклучувајќи нов еднореден “био” оддел со информации за тоа каде работите пропратено со пет фотографии.

Фејсбук од неодамна овозможи постирање на гиф фотографии како и на видео линкови кои се емитуваат без клик на зададениот линк, со изгасен тон и опција, корисникот на Фејсбук сам да одлучи дали ќе го проследи видеото со или без тонски запис.

Loading...