ФБИ отвори истрага за уривањето на мостот во Балтимор

Сподели со своите пријатели

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) отвори кривична истрага за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор кога товарен брод удри во него минатиот месец, која барем делумно ќе испита дали екипажот го напуштил пристаништето знаејќи дека бродот имаа сериозни проблеми со системот, изјавија двајца американски функционери со знаење за ова прашање.

Loading...

Властите ги разгледуваат настаните што доведоа до моментот кога бродот „Дали“ под знаме на Сингапур ја загуби струјата додека го напушташе пристаништето во Балтимор и удри во столб на мостот, рекле официјални лица на „Вашингтон пост“, кои побарале да бидат анонимни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

ФБИ е присутно на товарниот брод „Дали“ и спроведува правни дејствија одобрени од судот, се вели во соопштението на агенцијата.