Факти за мачките кои не сте ги знаеле, а научно се потврдени

Сподели со своите пријатели

Студија објавена на страницата Cell, а чии коавтори се Кристина Р. Витале, Александра Ц. Бехнке и Моник А.Р. Удел, покажа дека мачките развиле социо-когнитивни способности и дека мачката може да го доживее својот сопственик како родител и да создаде чувство на поврзаност.

Loading...

Прегледот кај ветеринар, оваа мачка го доживува како релаксирачка масажа (ВИДЕО)

Мачките се социјални суштества

Повеќето мачки имаат социјални потреби. Тие можат да бидат пријатели и да комуницираат со други животни, па дури можат да почувствуваат загуба.

Мачките ќе се обидат да се дружат со луѓето и да воспостават врска со нив. Всушност, некои експерти велат дека мачките мислат дека и ние сме мачки. Поголеми од нив, но сепак мачки.

Сопственикот ја „излуде“ мачката со автомобил играчка, а снимката стана вирална (ВИДЕО)

Мачката се врзува за неговиот сопственик

Вашата мачка бара блискост со вас. Се обидува да биде вклучена во она што го правите и да создаде чувство за поврзаност. Штом се направи таа врска, таа станува стабилна.

Loading...

Овој вид на однесување кон сопственикот е присутен и кога е возрасна, што значи дека те гледа како некој кој првенствено се грижи за неа.

Оваа мачка има посебен талент за музика (ВИДЕО)

Image by Karin Laurila from Pixabay

Мачката може да чувствува стрес ако не е со вас

Според тестот спроведен во студијата, доколку сте во собата со мачката и ја оставите само две минути, таа ќе почне да се чувствува несигурна и ќе покаже знаци на стрес.

Кога се чувствуваат на овој начин, мачките трчаат да се кријат некаде. Нивото на стрес ќе се намали кога ќе се вратите и повторно ќе бидете со неа, наведува Bright Side.

Дива мачка од Африка талка низ Хрватска (ВИДЕО)

Loading...

Таа се чувствува безбедно со вас

Мачките имаат можност да разликуваат со кои луѓето се безбедни, а со кого не се. Според студијата, голем процент на мачки чувствуваат моментална безбедност кога се во близина на нивните сопственици.

Повеќето мачки ги избираат своите сопственици како прв извор на безбедност, исто како што децата се нивни родители.

Мачката навистина се грижи за вас

Иако можеби на прв поглед не изгледа така, вашата мачка навистина се грижи за вас.

Ако се прашувавте дали е попаметна мачката или кучето, еве го одговорот

Постојат различни начини на кои таа ја покажува својата љубов, кога преде, ќе трепка пред вас, ви ве турка со главата, ви го покажува стомакот или ве лиже за да ве разубави. Таа ќе го бара вашето внимание.

Кога мачката го негува својот сопственик, го повторува истото однесување како и со мајка си, се чувствува многу опуштено и сака да ти покаже дека ти верува.

Loading...


Leave a Reply