Фабриката за муниција во Пенсилванија го зголеми производството за да ги задоволи украинските потреби

Сподели со своите пријатели

Фабриката за муниција во Пенсилванија која произведува клучна артилериска граната за војната на Украина со Русија успеа да го зголеми производството за 50 отсто за да ја задоволи зголемената побарувачка.

Loading...

Владините претставници ја објавија веста за зголемувањето на производството оваа недела додека ја открија модернизацијата на фабриката од 400 милиони долари, објави АП.

Развој на три нови производни линии

Армиската фабрика за муниција Скрентон произведува челични шипки од 907 килограми и ги сече на гранати од 155 милиметри за хаубици.

Многу од овие гранати стигнуваат до украинското бојно поле каде што се многу барани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев

Во тек е развојот на три нови производни линии, што ќе и овозможи на фабриката дополнително да го зголеми производството, изјави претставникот на командантот на армијата во фабриката Ричард Хансен.

САД испратија повеќе од три милиони артилериски гранати од 155 милиметри во Украина од почетокот на војната во 2022 година, покажаа владините податоци.

На почетокот на овој месец, Белата куќа објави нов пакет помош за оружје во вредност од 125 милиони долари за Украина, кој ги вклучува овие гранати.