Еврото зајакна во однос на доларот

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шесте најважни светски валути, утринава ослабна за 0,19 отсто, на 104,17 поени.

Loading...

Истовремено, курсот на јенот зајакна за 0,17 отсто во однос на доларот, така што доларот изнесува 153,5 јени, бидејќи ескалацијата на насилството на Блискиот Исток ја поттикна побарувачката за инвестирање во побезбедни средства, поточно јапонскиот јен.

Курсот на еврото, пак, се зголеми за 0,12 отсто во однос на доларот, на 1,0868 долари.

На пазарите на нафта, цените на барелот благо пораснаа поради стравувањата од можна ескалација на насилството на Блискиот Исток по ракетниот напад на Голанската висорамнина окупирана од Израел, при што Израел и САД ја обвинуваат либанската вооружена група Хезболах.

Барелот брент поскапе за четири центи на 81,17 долари, а американскиот WTI падна за 7 центи на 77,09 долари.