Европските земји ја намалуваат воената помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Шесте најголеми земји на Европската унија, вклучувајќи ги Германија и Франција, не му дадоа никакви нови билатерални воени ветувања на Киев во јули, пишува „Политико“, повикувајќи се на Килскиот институт за светска економија.

Loading...

Според Институтот, ова се случило за прв пат од почетокот на конфликтот.

„Ова укажува на фактот дека, без оглед на историските случувања во европската одбранбена политика, кога и Франција и Германија почнаа да испорачуваат оружје на Украина, воената помош за Киев може да ослабне токму во моментот кога Киев најави одлучувачка контраофанзива“, пишува весникот.

Директорот за истражување на Институтот, Кристоф Требеш, за Политико изјави дека обемот на воена помош за Украина се намалува од крајот на април.

– Иако борбите влегоа во критична фаза, новите иницијативи за помош пресушија – оцени Требеш.

Минатата недела во Копенхаген, западните сојузници одлучија да му дадат на Киев помош од 1,5 милијарди долари.

Но, како што се наведува во написот, оваа сума е „минорна“ во споредба со она што претходно и беше ветено на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...