Европските берзански индекси растат, како и цените на нафтата, златото и пченицата

Сподели со своите пријатели

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата.

Loading...

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 11:15 часот порасна на 18.371,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.199,43 поени, францускиот CAC 40 на 7.628,15 поени, а московскиот MOEX на 3.032,17 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 40.287,53 поени, индексот S&P 500 на 5.505,00 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.726,94 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 78.731 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 82.760 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 31.705 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.401,31 долари за унца, а на пченицата на 5,5295 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08904, што е приближно исто како и во петокот.