Европскиот суд на правдата денеска донесе пресуда дека земјите членки на ЕУ можат да ги зашеметат животните пред да извршат ритуално колење.
Случајот се најде пред Европскиот суд откако неколку еврејски и муслимански здруженија побараа почитување на уредбите на фландрискиот регион од 2017 година, со кои се забранува колење на животни без претходно да бидат зашеметени, вклучувајќи го она за време на верските обреди.
Здруженијата сметаат дека уредбата им оневозможува на верниците на правилен начин да вршат верски обреди.
Во пресудата се наведува дека зашеметувањето на животните пред нивно убивање ја исполнува „целта за заштита на благосостојбата на животните“.
Претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моша Кантор оцени дека пресудата претставува „фундаментален напад врз основните права на еврејското верско изразување и пракса“.
Габриела Точко