Европскиот парламент ја подджа употребата на канабис во медицински цели

Сподели со своите пријатели

Охрабрени од одлуките на Светската здравствена организација, европските парламентарци усвоија резолуција во која се поддржува употребата на канабисот во медицински цели и бараат дополнителни истражувања на тоа поле.

Loading...

Пратениците ја повикаа Европската комисија и властите членки на ЕУ да дефинираат што е медицински канабис, за да се спречи злоупотреба, а воедно и безбеди финансиска поддршка за нова програма за истражување на ефектите од канабисот.

– Истражувањата за примената на канабисот во медицински цели и натаму продолжуваат, истакнала Вера Јурова, Комесар на европската комисија за заштита на потрошувачите.

Со сеопфатна регулација на лекови на база на канабиз, би требало да се ограничи црниот пазар и да се обезбеди загарантиран квалитет на производите, како и ограничен пристап на малолетниците до канабис, сметаат во европскиот парламент.

Важно е да се дефинира можноста за правна сигурност, како и пристапот на пациентите кои канабисот би го користеле во медицински цели со посебни мерки на внимателно за младите лица и трудници, наведено е во резолуцијата.

Пратениците во европскиот парламент сметаат дека постојат доволно позитивни и задоволувачки параметри кои докажуваат дека канабисот има терапевтски ефекти, во лекувањето на хронични болки кај возрасните, а исто така ја ублажува мачнината и повраќањето кои се последица на примената на хемотерапијата.

Наведено е дека канабисот и натаму дава позитивни резултати кај лекувањето симптоми на спазмичноста, кај пациенти со мултиплекс склероза.

Многу е важно, на што предупредуваат лекарите, кај лекувањето со употреба на канабис, истиот да не се злоупотреби, затоа што се смета за опасна и илегална дрога, но и на пациентите да им се сврти вниманието дека канабисот не можат да го земаат за секоја форма на болка во телото.

Loading...

Според анализите на порталите кои се занимаваат со аналитичка политика, најлибералните земји во Европа, кога е во прашање користењето на канабисот, се Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.

Leave a Reply