Евра проговори за расизмот кој владее во француската репрезентација

Сподели со своите пријатели

Една од легендите на француската репрезентација – Патрис Евра, отворено зборува за расизмот што владее во селекцијата на „петлите“. Евра призна дека значителен дел доаѓа од првиот човек на Француската фудбалска федерација – Ноел Ле Гра, кој секогаш тврди дека нема дискриминација во националниот тим.

Loading...

– Тој мора да биде сменет. Имам одговори на тоа зошто и што се случува во базата во Франција. Дали воопшто знаете колку има расизам? Колку дискриминаторски пораки доаѓаат?, започна Евра.

Поранешниот играч на Монако, Манчестер Јунајтед, Марсеј и Јувентус продолжи со шокантните детали.

– Имаме одредени места во базата, без разлика дали доаѓаат претседатели или политичари. На почетокот ме ставија на крајот од масата, каде што беа Бакари Сања и Мамаду Сако. Хуго Лорис и Лоран Кошиелни секогаш седат на средина, каде што стои претседателот. Ние знаеме за овие „правила“. Ако претседателот сака слика, подобро е да ја направи со Лорис и Кошчелни отколку со Сања и Сако,додава тој.

Поранешниот дефанзивец откри и разни писма што пристигнале до тренерот Дидие Дешамп.

– Сум видел неколку пораки како доаѓаат од Клерфонтен. Еден од нив гласеше: „Дидие, земи ги мајмуните и однеси ги во Африка. Ослободете се од овие мајмуни и горили“. Колку беа овие пораки? Многу, но тие се кријат. Во базата пристигнаа и кутии со фекалии, кои биле наменети за нас, ја шокираше Евра јавноста.

Патрис има одиграно 81 натпревар за репрезентацијата на Франција.

Leave a Reply