ЕВН влезе во Слупчане: Ќе се плаќа колку ќе се потроши

Сподели со своите пријатели

Екипите на електродистрибуција веќе работат во липковското село Слупчане. Орманите во дел од селото веќе се заменети.

Loading...

Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на советот на Општина Липково, Зекрија Шаини, вели дека активностите на терен течат согласно договорот и оти состојбата била бурна и луѓето од селото сакале да знаат што ќе работи ЕВН.

-Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото – изјави Шаини.

Тој призна дека барањето да се плаќа по 3.000 денари, без разлика на потрошувачката, е нелогично.

–Ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што нè претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите – вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот во 2001 година.

Loading...

МИА