ЕУ подготвена за „Брегзит“ без договор

Сподели со своите пријатели

Европската комисија порача дека ЕУ е подготвена за Брегзит без договор, истакнувајќи дека во случај на такво сценарио, Британија би претрпела најголема штета.

Loading...

Портпаролката на ЕК Наташа Берто рекла дека излегувањето на Британија без договор никогаш не било посакувано сценарио за ЕУ.

– Тоа очиглендо би предизвикало значително пореметување и за граѓаните и за бизнисот, но и сериозни негативни економски последици, додала таа, пренесува Ројтерс.

Според неа, тоа пропорционално многу повеќе би ја погодило Британија отколку 27те земјли членки на Унијата.

Берто ја цитирала изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, дека доколку дојде до Брегзит без договор, „Британците, за жал, ќе бидат најголеми губитници“.

Во Лондон британскиот премиер Борис Џонсон претходно ги повика Германија и Франција на компромис за Брегзит, наведувајќи дека неговата земја е подготвена на 31 октомври да ја напушти ЕУ без договор.

Leave a Reply